Превц скокна најдалеку на Планица, но не дојде до уште една победа
Норвешкиот скокач до победата дојде најмногу благодарение на својот прв скок од 238.5 метри, а во вториот прескокна 231 метар што беше доволно да освои 459 поени и да слави победа.
Домен Прев го имаше најдолгиот лет во денот со 240.5 метри, меѓутоа сега не успеа да дојде до победа и заврши на второто место со 459.5 поени. Трет беше уште еден Норвежанец, Јохан Андре Форфанг со освени 441.3 поени.
Зад Превц е одлична сезона во која го освои Кристалниот глобус во скијачки скокови и скијачки летови, а освен тоа додаде и два златни медали од Олимписките игри во Италија.