Бизарно: САД и Белгија играа во речиси идентични дресови! (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу САД и Белгија кој беше од пријателски карактер се најде во центарот на вниманието поради дресовите со кои играа репрезентациите.

Двете селекции го искористија натпреварот за промоција на новите дресови што ќе ги носат на Светското првенство од 11 јуни до 19 јули и настапија во дизајн инспириран од националното знаме, додека Белгија играше во светлосина комбинација со розови детали.

„Понекогаш моравте да погледнете двапати, особено ако сакате брзо да играте“, изјави крилниот напаѓач на Белгија, Жереми Доку.

Капитенот на САД, Кристијан Пулишиќ, исто така призна дека ситуацијата била проблематична.

„Често кога ќе ја примите топката и ќе погледнете нагоре, тешко е да се фокусирате. Се ориентирате според бојата на дресот, а кога се слични, тоа е навистина тешко“, изјави тој.

Белгиската телевизија им се извини на гледачите по натпреварот, а поранешниот репрезентативец Марк Дегриз жестоко ги критикуваше организаторите.

„Фудбалот е производ што треба да се продава. Сè треба да биде подобро, а тие успеаја натпреварот да го направат здодевен поради дресовите. Ова е спротивно на целиот комерцијален аспект и е навистина неприфатливо“, порача Дегриз.

Од американската федерација соопштија дека дресовите биле навреме доставени до судиите и дека тие не посочиле никаков проблем. Сепак, белгиските медиуми објавија дека вината е кај домаќините, кои инсистирале да настапат во новите црвено-бели дресови, иако тие се поклопувале и со првиот, но и со гостинскиот дрес на Белгија.

И двете селекции сакале премиерно да ги претстават новите гарнитури, но откако станало јасно дека има проблем, Белгија предложила да настапи во традиционалната црвена боја. Тоа, сепак, не било можно бидејќи и американскиот дрес содржел многу црвена боја.

Една од опциите била САД да играат во темносина комбинација, но тоа не се вклопувало во нивниот комерцијален план.