Толку издржа: Тудор по 45 дена доби „шут карта“ од Тотнем

Хрватскиот фудбалски стратег Игор Тудор ја заврши својата неславна епизода на клупата на Тотнем, лондоснкиот клуб денеска потврди дека соработката помеѓу двете страни е прекината. 

Тудор го презеде лондонскиот тим на 12 февруари, со договор до крајот на сезоната, меѓутоа тимот со него како да беше уште полош, па така во Лондон се одлучија на нова смена.

Тотнем во овој момент е 17-ти со само еден бод пред Вест хем и како што стојат работите до крајот на сезоната ги чека тешка борба за опстанок. 

Ангажманот во Тотнем беше прв за Тудор во Англија, претходно работеше во: Јувентус, Удинезе, Верона, Лацио, Марсеј, Хајдук, Галатасарај, Карабикспор и ПАОК.