Интер се подготвува за живот без Бастони, веќе ја најде неговата замена
„Нераѕурите“ бараат 80 милиони евра или во трансферот да биде вклучен еден фудбалер на Барса, а со парите ќе се обидат да најдат соодветна замена. Наводно, веќе има најава кој ќе биде тоа.
Станува збор за фудбалерот на Арсенал, Рикардо Калафјори кој со тоа би се вратил во татковината по неколку сезони поминати во Англија. Како и Бастони, Калаафјори може да игра и како стопер и како лев бек, а сигурно не би чинел 80 милиони евра, па Интер може да излезе и во добивка од целата операција.
Тој дојде во Арсенал во 2024 година од Болоња за 44 милиони евра, но повредите и силната конкуренција го задржаа на само 29 настапи од кои 22 како стартер.