
Синер си ги наполни џебовите во С. Арабија, па ја „откачи“ Италија за Дејвис Купот
Синер во саботата го освои турнирот „Шест кралеви“ во Саудиска Арабија, при што заработи неверојатни шест милиони евра, па реши дека е време да се одмори од терените.
„Синер не го потврди своето учество на Дејвис Купот. Оваа селекција секогаш ќе биде неговиот дом и сигурен сум дека наскоро ќе се врати во тимот“, кажа селекторот на италијанската репрезентација.
За Италија на турнирот ќе настапат Лоренцо Музети, Флавио Коболи, Матео Беретини, Симоне Болели и Андреа Вавасори.