Раул: Го победивме најтешкиот противник досега - да уживаме!

На Раул Гонзалес, очигледно многу му годеше победата на Вардар против Нант со 27-23 и тоа задоволство не го криеше ни на прес-конференцијата по натпреварот.

Тој ги истакна квалитетите на Нант, но не пропушти да ги пофали Арпад Штербик и Вуко Борозан, како играчи кои се истакнале во моментите кога е потребно.

„Денеска игравме против најквалитетниот противник оваа сезона. Екипата на Нант почна добро, а ние одигравме подобро во вторите 15 минути од првото полувреме. Одбраната функционираше, а Арпад беше одличен и дојдовме до четири на полувреме. Во второ полувреме Нант беше подобар и ни беше многу тешко. Имавме проблеми со контранападот на Нант, но до крајот добар беше Вуко (Борозан н.з.) постигна два важни гола и на крај победивме со четири разлика. Јас сум задоволен, бидејќи тешко е да се победи Нант, тоа е екипа која ги совлада ПСЖ, и Монпелје. Треба да уживаме во оваа победа“, рече Раул.