Познат е распоредот: Пелистер ќе почне со ПСЖ во Битола, а ќе заврши во Париз!

Македонскиот ракометен шампион Пелистер денеска ги дозна ривалите за групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ), па така во новата сезона ќе се соочи против Висла Плоцк, Веспрем, ПСЖ, Фредериција, Фуксе Берлин, Спортинг Лисабон и Динамо Букурешт.

Битолчани ќе ја почната сезоната во елитното натпреварување на 11/12 септември пред домашната публика против ПСЖ, а групната фаза ќе ја завршат против истиот ривал во Париз на 5-6 март идната година.

Целосен распоред на натпревари:

1 коло, 11-12/09/2024, Пелистер - ПСЖ
2 коло, 18-19/09/2024, Веспрем - Пелистер
3 коло, 25-26/09.2024, Пелистер - Фредериција
4 коло, 09-10/10/2024, Висла Плоцк - Пелистер
5 коло, 16-17/10/2024, Пелистер - Динамо Букурешт
6 коло, 23-24/10/2024, Фуксе Берлин -  Пелистер
7 коло, 30-31/10/2024, Пелистер - Спортинг
8 коло, 20-21/11/2024, Спортинг - Пелистер
9 коло, 27-28/11/2024, Пелистер - Фуксе Берлин
10 коло, 04-05/12/2024, Динамо Букурешт - Пелистер
11 коло, 12-13/02/2024, Пелистер - Висла Плоцк
12 коло, 19-20/02/2024, Фредериција - Пелистер
13 коло, 26-27/02/2024, Пелистер - Веспрем
14 коло, 05-06/03/2024, ПСЖ - Пелистер