Победничкиот гол на Еурофарм - најубав ова коло во ЛШ!

Еурофарм работник, конечно, се израдува на втора победа во Лигата на шампионите и тоа заработена во последните секунди од дуелот против Савехоф, во Битола. 

Голот за два бода не можеше да биде заобиколен од магазинот на ЕХФ, па стрелецот Мирко Радовиќ е носител на признанието најубав гол за 8. рунда во ЛШ. Тој е единствениот репрезент меѓу истакнатите и пофалените за и од Вардар и од Еурофарм.

Најубавата одбрана, за жал, му припаѓа на Андреас Волф, голманот на Кјелце, за кого тоа не е единствениот епитет. Тој е прогласен за најдобар голман ова коло, со своите 14 интервенции и 38-процентна успешност во натпреварот со Вардар. Во идеалниот тим се наоѓа и Игор Карачиќ, кој, заедно со Каралек, го предводеше нападот на Кјелце за 35 гола против Вардар. 

Во идеалниот тим се уште и Ландин од Кил како лево крило, Шарац од Цеље како лев бек, Рајнкинд од Кил на десната крилна позиција, Гомез од Барселона како десно крило и Роча од Порто на линијата од шест метри.

 

 

ИДЕАЛНА ПОСТАВА НА 8. КОЛО - ВИДЕО

ТОП-5 ГОЛА - ВИДЕО

ТОП-5 ОДБРАНИ - ВИДЕО