Роналдо промашуваше, Португалија ја победи Нигерија (ВИДЕО)

Португалија успешно ги заокружи подготовките за Светското првенство, откако во последниот контролен натпревар ја совлада Нигерија со 2-1.

Португалците поведоа во 23. минута преку Педро Нето, но Нигерија возврати во 37. минута кога Акор Адамс ја затресе мрежата и израмни на 1-1 пред заминувањето на паузата.

Одлуката за победникот падна во второто полувреме. Франциско Консеисао во 75. минута постигна гол за 2-1 и ѝ донесе победа на Португалија во генералната проба пред Мундијалот.

Кристијано Роналдо на теренот беше до 65. минута и во текот на натпреварот имаше неколку промашувања.

Мундијалот почнува утре со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка oд 21:00 часот.