Панатинаикос по голема драма израмни против Олимпијакос, Шортс одличен

Панатинаикос по драматичен натпревар и две продолженија славеше победа против Олимпијакос со 93-86 со што израмни на 2-2 и ја одведе серијата во одлучувачки петти натпревар.

Натпреварот донесе голема борба и неизвесност од самиот почеток, па до крајот. На паузата избраниците на Атаман имаа предност од шест разлика (40-34), а слична слика гледавме и во вториот дел, па така на крајот на семафорот стоеше 69-69.

Немаше победник ниту по првото продолжение кога Митоглу со две слободни фрлања на 37 секунди пред крајот измрани на 79-79, Толиопус имаше шут за победа, меѓутоа промаши.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс блесна во во второто продолжение и со важни поени го предводеше својот тим до голема победа. Сепак, најдобар поединец кај Панатинаикос беше Кендрик Нана со 23 поени, на спротивната страна Фурние постигна шест повеќе.

Шортс средбата ја заврши со 13 поени, два скока и четири асистенции.