Јувентус најде голман, се договори со Мартинез

Според информациите на „Скај Италија“, аргентинскиот репрезентативец се согласил на тригодишен договор кој би важел до 2029 година.

Мартинез, кој во Астон Вила заработува околу седум милиони евра по сезона, наводно прифатил намалување на платата на 5,5 милиони евра годишно за да се реализира преселбата во Јувентус.

Искусниот чувар на мрежата смета дека трансферот во Јувентус е вистинскиот следен чекор во неговата кариера, откако му помогна на клубот од Бирмингем да оствари успеси на европската сцена.

Сепак, за трансферот да стане реалност, двата клуба ќе мора да постигнат договор околу финансиските услови. Јувентус сака да го ангажира 33-годишниот голман под поволни услови, додека според шпекулациите, Астон Вила би можела да побара отштета од околу 15 милиони евра.

Дел од медиумите објавија и дека новиот тренер на Јувентус, Лучано Спалети, лично побарал од клубот да го доведе Мартинез, сметајќи дека неговото искуство и квалитет ќе бидат големо засилување за тимот.