Тухел збесна пред СП: Урлаше по судијката поради голманот на Костарика! (ВИДЕО)
Германскиот стратег целосно ги загуби нервите во второто полувреме од натпреварот во Орландо, кога голманот на Костарика, Патрик Секеира, остана подолго време да лежи на тревникот. Тухел сметал дека се работи за намерно одолговлекување на играта, па жестоко реагирал кон главната судијка Екатерина Королева (погледни ТУКА).
Камерите го уловија англискиот селектор како вика и бурно гестикулира кон американската арбитерка, а снимката експресно стана хит на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари кај фудбалските фанови. Инаку, Англија без поголеми проблеми ја совлада Костарика. Деклан Рајс го отвори резултатот уште во деветтата минута, Ентони Гордон зголеми од пенал во 68. минута, а конечнииот резултат го постави Оли Воткинс во самиот финиш.
Ова беше последна контрола за Англичаните пред стартот на Мундијалот, каде што првиот предизвик ги очекува на 17 јуни против Хрватска. Во групната фаза потоа ќе играат и против Гана и Панама.