Крај на сите дилеми, решена е иднината на Гвардиол

Во Манчестер Сити се очекуваат големи промени, Гвардиола замина, а негов наследник треба да биде Енцо Мареска.

Тимот се наоѓа во период на транзиција, а бројните промени што се случија во изминатите 18 месеци јасно укажуваат на почеток на нова ера. Неколку клучни фудбалери од генерацијата на Гвардиола веќе заминаа, а клубот сѐ повеќе се насочува кон млади играчи.

Сепак, има и фудбалери чиј статус во моментов е недопирлив. Еден од нив е хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол.

За него постои сериозен интерес од повеќе европски клубови, но раководството на Манчестер Сити нема намера да го продаде.

Договорот на Гвардиол истекува во 2028 година, а според најновите информации од Англија, клубот наскоро би можел да му понуди нов договор со кој неговата иднина ќе биде долгорочно врзана за Манчестер Сити.