Победничката слика на Вардарци по успехот против Барселона (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар покажа уште еднаш зошто никогаш не треба еден тим да се отпише предвреме. „Црвено-црните“ одиграа лошо прво полувреме против Барселона во Лигата на шампиони, па имаа негатива од седум гола, но на крајот успеаа да слават со 29-27.

Вардарци одиграа фантастичен меч, па заслужија да се пласираат во финалето на елитното натпреварување, кадешто се надеваат дека ќе се повтори 2017 година и ќе го освојат трофејот.

По мечот на официјалната страна на Вардар на Инстаграм се појави победничка фотографија од ракометарите и стручниот штаб.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#THEBEST #vardarrules #ehffinal4

A post shared by РК Вардар (@rkvardar) on