Николов и Начевски ќе им судат на Барселона и Магдебург во ЛШ

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе имаат сериозен предизвик во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Барселона и Магдебург.

Екипите ќе се соочат на 14 јуни во 16 часот на завршниот турнир во Келн, а победникот од средбата ќе се пласира во големото финале.

Во второто полуфинале на елитното ракометно натпреварување ќе играат Фуксе Берлин и Нант.