Непробојниот Штербик постави рампа: Вардар не смее да загуби! (ВИДЕО)

Арпад Штербик е главниот „виновник“ што Вардар и по девет натпревари во Лигата на шампиони останува без пораз. Голманот имаше фантастична интервенција во последната секунда од натпреварот со Рајн-Некар Левен и успеа да го спречи Гвардиола да постигне гол за победа на германскиот првак. Натпреварот заврши 21-21 благодарение на Штербик и неговите 13 интервенции.