Нант ја почна сезоната со драматичен пораз, Лазаров постигна шест голови

Нант ја почна новата сезона во францускиот шампионат со пораз од 27-29 од Сесон, а македонскиот ракометар и селектор, Кире Лазаров постигна шест голови.

Сесон имаше одличен почеток на првото полувреме во кое водеше со 8-3, но потоа Нант влезе во две мини-серии од по 3-0 и така израмни на 10-10. До крајот на првите 30 минути се водеше голема борба, а Нант ги користеше грешките на противникот и на паузата замина со водство од 15-13.

Домаќинот на почетокот на вториот дел со серија од 3-0 стигна до 20-19, но Нант враќа на ист начин и повторно го сврте мечот во своја корист (22-20). Во продолжение следат уште неколку пресврти на двете страни, а посебно драматично беше во последните минути кога Сесон со два гола успеа да го совлада противникот (29-27).

Лазаров и Мин постигнаа по шест голови за Нант, додека на останатата страна Молини постигна исто толку погодоци.