Манасков се збогуваше со навивачите на Веспрем (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков по пет години го напушта унгарскиот вицепрвак Веспрем, а на збогувањето беа присутни голем број навивачи.

Манасков со своите голови му помогна на Веспрем да постигне многу успеси, но сепак повредата му создаде проблеми во претходните месеци и поради тоа не настапи на Ф4-турнирот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Македонскиот ракометар во кариерата одигра 160 меча за Веспрем и притоа постигн 548 голови, а засега не е познато каде ќе игра следната сезона.