Манасков постигна еден од 70-те гола во Целје!

Дејан Манасков се израдува на првата победа како ракометар на Веспрем и тоа во натпревар, кој многу е веројатно да остане најефикасен во сезоната.

Веспрем го совлада Целје, во Словенија со 39-31, а особено беше ефикасно второто полувреме, во кое, всушност, Веспрем го направи пресвртот, откако губеше во првиот дел со 18-16.

Од овие 70 постигнати гола, македонскиот репрезентативец Манасков беше автор на еден гол, уште во првото полувреме, кога Словенците се уште имаа тесно водство. Пресвртот Веспрем го направи почнувајќи од 39. минута, кога резултатот беше 29-29. Оттогаш Целје како да застана, погоди само двапати во 20 минути до крајот, а Веспрем дури десет.

Херој на Унгарците беше Мате Лекаи со десет гола од десет обиди. Кај Целје Жига Млакар предводеше со осум гола.