Кузмановски меѓу најголемите ѕвезди во ЕХФ Купот

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски и член на Еурофарм Работник се најде помеѓу најголемите ѕвезди сезонава во ЕХФ Купот. 

ЕХФ номинираше 30 ракометари кои би можеле да ја одбележат оваа сезона, а помеѓу нив е и македонскиот репрезентативец. Во анкетата на ЕХФ треба да одберете тројца ракометари кои според вас би можеле да бидат најголеми ѕвезди во групната фаза во второто по ранг клупско натпреварување.

За Кузмановски и уште двајца други ракометари можете да гласате ТУКА.

Нашиот репрезентативец е номиниран заедно со ѕвезди како Никлас Ландин, Домагој Дувњак, Даниел Сармиенто, Ханс Линдберг. Место помеѓу 30-те номинирани имаше и за двајца поранешни ракометари на Металург, Вања Илиќ и Халил Јагањац.