
Кил го надигра Мелсунген во битката за трето место во Европската лига
Првото полувреме понуди возбудлив ракомет меѓу двете екипи, а на паузата резултатот беше нерешен (18-18), по што Кил ја презема иницијативата и направи солидна разлика.
Кил му избега на Мелсунген на плус пет (27-22), по што го чуваше водството до крај на мечот и триумфира со 37-31.
Најефикасен во победничкиот состав беше Емил Мадсен со 12 голови, додека Флоријан Дростен постигна шест гола за Мелсунген.
Фото: Facebook/THW Kiel