Гичевска потпиша за Дунареа Браила

Македонската ракометна репрезентативка Леонда Гичевска потпиша за романскиот тим Дунареа Браила, па така на крајот на сезоната ќе го напушти француски Самбре Авенуа.

Гичевска е една од најголемите македонски надежи, а веќе се наоѓа во составот на Љубомир Савевски за двата меча против Норвешка на 21 и 24 април.

„Среќна сум што ќе играм за еден од најдобрите тимови во Романија и Европа. Раководството на екипата е одлично и гради силен тим за следната сезона. Се надевам дека ќе освоиме многу европски и домашни трофеи“, кажа Леонида.