Гедбан како Спајдермен: Голманот на Пелистер со Топ 5-одбрана на колото во ЛШ!

Македонскиот ракометен шампион, екипата на Пелистер, завчера против Кил (20-23), конечно, покажа дека заслужени е дел од европската елита, за што потврда доаѓа и денеска откако прво еден од головите на Жарко Пешевски беше избран за еден од петте најдобри на рундата, за подоцна меѓу најдобрите голмани да се најде и Калифа Гедбан.

Чуварот на мрежата на битолчани ја има четвртата најатрактивна интервенција, откако се „рашири“ како Спајдермен и магично успеа да одбрани удари од линијата за шест метри на еден од ракометарите на германскиот тим.

Ова беше трет по ред пораз за Пелистер во ЛШ, во кој беше покажан напредок на радост на навивачите на овој тим, кои нетрпеливо ја очекуваат првата елитна победа по ептен долго време.