Е. Пелистер моќен и безмилосен против Татабања

Еурофарм Пелистер лесно и убедливо ја совлада Татабања, со 33-20 за нови бодови во Европската лига, кои го носат кон врвот на групата Д.

Екипата предводена од Жељко Бабиќ го одигра, веројатно, најубедливиот натпревар оваа сезона, демонстрирајќи ја разликата меѓу екипа која конкурира за осминафиналето и екипа, која се бори за преживување во Европската лига.

Неизвесно беше само во првите 10 минути, кога резултатот беше 5-5, но битолчани бргу создадоа разлика. Прво направија серија од 4-0, а потоа постигнаа и пет гола едноподруга за да дојдат до 16-7 пред паузата.

Второто полувреме почна со 17-9, со истата цврста одбрана на македонскиот тим и по само 12 минути тоа резултираше со највисоката предност на натпреварот. Со серија од 6-1 македонскиот тим поведе со 26-11 и очигледно беше дека Татабања нема капацитет да севрати во натпреварот.

Мараш беше автор на шест гола, пет постигна Табоада, а четири Мандалиниќ, што беше најдобра поддршка за солидните осум интервенции на Мартон Секељ. Е. Пелистер сегта има пет бода, привремено на првото мсто во групата Д, но Ним и Спортинг допрва треба да ги одиграат своите натпревари.