Голманот на Вардар е меѓу четворицата најдобри по првата фаза од ЛШ!

Голманот на Вардар, полскиот интернационалец Милош Валах, го заврши настапот во групната фаза од Лигата на шампионите како четврти најуспешен чувар на мрежата во Европа кога станува збор за процентот на одбранети удари.

Со извонредна успешност од околу 33-отсто, вардаровиот голман се се најде во европски врв, останувајќи единствено зад Серхио Ернандез, Емил Нилсен и Милјан Вујовиќ. Ова високо четврто место претставува значајно индивидуално признание за Полјакот во исклучително силната конкуренција, иако македонскиот претставник не успеа да ја мине првата фаза и предвреме ги заврши своите настапи на меѓународната сцена за оваа сезона.

Покрај високиот процент на успешност кој го смести во елитното друштво, Валах бележи одлични бројки и во апсолутниот број на интервенции. Според официјалната статистика по завршувањето на групната фаза, тој има вкупно 53 одбрани, што го позиционира на осмото место во оваа статистичка категорија во најсилното клупско натпреварување. Лидер по бројот на вкупни одбрани е Серхио Ернандез од Барселона со 86, а по него следуваат Магнус Петерсен од Архус со 75, Небојша Симиќ од Мелсунген со 74 и Емил Нилсен од Веспрем со 73 интервенции.

Непосредно пред вардаровиот голман на оваа листа се наоѓаат уште Кристофер Бонде од Нант и Кристијан Пилиповиќ од Криенс-Луцерн кои имаат по 58 одбрани, како и Милјан Вујовиќ од Висла Плоцк со 56 успешни интервенции.