Мурињо и покрај богатите понуди не се откажува од вечната замена на Куртоа!
Раководството на „кралскиот клуб“ неодамна одбило неколку сериозни понуди за јануарски трансфер на Украинецот, ставајќи крај на шпекулациите за негова можна преселба во друга средина. Откако во текот на претходните летните преодни рокови сериозно размислуваше за заминување од шпанската престолнина, Лунин на крајот остана верен на клубот и во меѓувреме ја продолжи соработката, потпишувајќи нов договор со важност до 2030 година.
Челниците на Реал Мадрид го сметаат Лунин за идеална замена за Куртоа и не се подготвени да се откажат од неговите услуги и покрај големиот интерес од други екипи. Тој досега максимално ги користеше добиените шанси, а својот врв го достигна во 2024 година кога по тешката повреда на Куртоа беше херој при освојувањето на титулата во Лигата на шампионите. Својот неспорен квалитет тој го потврди и неодамна во големото дерби „Ел Класико“, кога при гостувањето кај Барселона запиша дури шест одбрани и беше меѓу најзаслужните за победата на Реал (2-1).
И покрај блескавото издание против лутиот ривал, се очекува Лунин веќе на утрешниот натпревар да се пресели на клупата за резервни фудбалери, бидејќи Куртоа целосно закрепна од грипот и ќе биде подготвен за гостувањето кај Расинг Сантандер, кое е закажано со почеток од 16.15 часот.