Реал Мадрид потпишува нов договор со Валверде - во иднина ќе вреди милијарда евра!
Со новата, далеку поголема плата, во новиот договор ќе биде вметната и откупна клаузула во висина од една милијарда евра. Ова е веќе вообичаена пракса кај шпанските клубови со цел да се избегнат какви било шпекулации и обиди на ривалите да ги доведат нивните најголеми ѕвезди. Валверде дефинитивно спаѓа во таа категорија, откако се наметна како вистински столб на актуелниот состав и достојно ја носи капитенската лента на најголемиот клуб во светот.
Уругвајскиот репрезентативец пристигна во Реал Мадрид уште во 2016 година од редовите на Пењарол и досега има собрано 388 настапи. Продолжувањето на договорот очекувано ќе го направи еден од најплатените фудбалери во клубот. Валверде сезонава одигра 15 натпревари на кои забележа учинок од три гола и две асистенции. Иако неговата природна позиција е во средниот ред, во последниот период под водство на Жозе Мурињо тој успешно настапува и на позицијата десен бек.