Од -25 до +17: Голден Стејт со спектакуларен пресврт ги победи Лејкерс (ВИДЕО)
Во центарот на вниманието беше Стеф Кари, кој со мајсторска партија го предводеше својот тим до голем триумф, но и со еден потег ја одбележа вечерта. Искусниот плејмејкер во директен дуел еден на еден го надигра Лука Дончиќ, го измести од рамнотежа со серија дриблинзи и потоа погоди тројка, предизвикувајќи воодушевување кај домашната публика.
Лејкерс имаа фантастичен почеток. Првата четвртина ја добија со убедливи 38-15, а Дончиќ уште во воведните 12 минути постигна 21 поен, со пет асистенции и пет погодени тројки. На стартот од вториот период гостите ги достигнаа највисоките +25 (40-15), но следуваше неверојатен одговор на домаќините. Вориорс ја добија втората четвртина со идентични 38-15 и на паузата ја анулираа целата мегатива. Во продолжението целосно ја презедоа контролата и стигнаа до убедлива победа.
Кари го заврши натпреварот со 31 поен, шест асистенции и четири скока. Дополнително, се искачи на 18. место на вечната листа на најдобри стрелци во НБА, откако го надмина Доминик Вилкинс. Дончиќ беше најефикасен на натпреварот со 37 поени, седум скока и пет асистенции, но неговиот учинок не беше доволен за да ги спаси Лејкерси од пораз. Брендин Подзиемски со 21 поен беше значајна поддршка за Кари.
Во меѓувреме, на останатите натпревари од НБА купот имаше неколку интересни дуели, а Мајами го одигра најефикасниот натпревар на вечерта, постигнувајќи 145 поени..
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Шарлот 95-79
Бостон – Чикаго 125-111
Бруклин – Детроит 94-110
Филаделфија – Њујорк 98-93
Торонто – Орландо 114-121
Далас – Хјустон 116-111
Мајами – Индијана 145-125
Минесота – ЛА Клиперс 127-101
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 112-95
Феникс – Денвер 120-127