Спектакл на повидок: Усик сака борба против непоразен Американец

Украинскиот боксер Олександр Усик сака да се бори против непоразениот Американец Дејвид Бенавидез.

Усик, кој има совршен професионален биланс од 25 победи во исто толку борби, размислува за враќање во крузер категоријата, каде што претходно ја освои апсолутната светска титула.

Неговиот советник Сергеј Лапин за „Ринг магазин“ откри дека Усик сака да се соочи со Бенавидез и повторно да се обиде да стане апсолутен шампион во оваа категорија.

Интересно е тоа што Американецот има 32 победи во професионалната кариера, од кои 26 ги остварил со нокаут.