Луис Енрике испиша уште една златна страница во историјата на ПСЖ
Шпанскиот стратег стигна до својата 127. победа на клупата на „светците“, откако ПСЖ славеше со убедливи 5-1 на гостувањето кај Лe Авр во натпревар од деветтото коло во француската Лига 1.
Со овој триумф, Енрике го надмина Лоран Блан, кој досега го држеше рекордот со 126 победи како предводник на клубот од Париз. Особено импресивен е фактот што Шпанецот до ова достигнување стигна по само 188 официјални натпревари. Откако пристигна во Париз во летото 2023 година, неговата успешност изнесува 67,6 проценти.
По натпреварот, Енрике не го криеше задоволството од историскиот успех, но нагласи дека голема заслуга за резултатите има и квалитетот на играчкиот кадар со кој располага.
„Имам среќа што водам клуб од ваков калибар и што располагам со неверојатни фудбалери“, изјави шпанскиот тренер.
Тој се осврна и на победата над Лe Авр, признавајќи дека неговиот тим имал одредени проблеми со противничките контранапади, но на крајот успеал целосно да ја преземе контролата врз натпреварот.
Шпанскиот стручњак веќе оствари историски успеси во клубот од Париз, пред се со двете освоени титули во Лигата на шампионите, први во постоењето на ПСЖ.