Челси го доби Јунајтед - „ѓаволите“ по ова коло може да бидат во опасната зона! (ВИДЕО)

Кризата во Манчестер јунајтед продолжи и по денешниот натпревар од деветтото коло во Премиер лигата во кој избраниците на Керик загубија од 2-0 во дербито со Челси.

Првото полувреме донесе израмнета игра со по некоја прилика на двете страни, Куња ја погоди мрежата на домаќините во 34-тата минута, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Така во второто полувреме се влезе со почетниот резултат.

Челси по само пет минуити игра дојде до предност, Роџерс во 50-тата минута го совлада Леменс за водство на „сините“ од 1-0. Ситуацијата за Јунајтед стана потешка кога Лисандро Мартинез во период од само четири минути во 59-тата и 63-тата минута заработи два жолти картони и беше исклучен.

Со втората јавна опопмена тој направи и пенал кој во гол го претвори Палмер. До крајот и Еставао го совлада Леменс на 20-тина минути до крајот, меѓутоа и овој погодок беше поништен поради офсајд,.

За Јунајтед ова беше деветти натпревар во низа во сите натпреварувања без победа. Кога е Премеир лигата во прашање по девет кола се на само седум бода и во зависност од резултатите на Кристал Палас, Нотингем, Ковентри и Сандерленд би можеле да паднат и во зоната за испаѓаање.