Фудбалерките до 17 години во голеада ремизираа со Велс
Македонските фудбалерки одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во четвртата минута, кога Кејти Вајтвеј си постигна автогол. Сепак, Велшанките направија пресврт со погодоците на Маја Халкроу во 22. и Маја Касвел во 27. минута.
На почетокот од второто полувреме, поточно во 51. минута, Емилија Ивковиќ донесе израмнување (2-2), но Касвел со својот втор погодок повторно му ја врати предноста на Велс (3-2).
Конечниот резултат го постави Ивковиќ во 65. минута, кога по вторпат ја затресе противничката мрежа и ѝ донесе бод на Македонија.
На вториот натпревар од последното коло, Луксембург славеше минимална победа од 1-0 против домаќинот Грузија.
Така, избраничките на селекторката Катерина Милеска го завршија турнирот на втората позиција со четири бода, зад Велс, кој собра седум. Третото место му припадна на Луксембург, додека Грузија заврши на последната позиција.