Фаворитите без грешка денеска во ВМФЛ!
Брера на свој терен издоминира против Новаци и ја оправда фаворитската улога славјеќи со 4-1. Првото полувреме на натпреварот не донесе голови и сите беа постигнати во вториот дел.
Победа на гостински терен забележа Кожуф кој на гости во Горно Лисиче против Еуромилк се радуваше со 3-1.
Лидерот на табелата, екипата на Охрид немаше проблеми во дуелот со Шкупи и славеше рутинска победа од 3-0 на гостински терен. Шкупи е единствената екипа на табелата која по десет кола има исто толку порази, Охрид пак е прв со четири бода повеќе од Брера и Пелистер кој утре го игра својот натпревар од ова коло со Детонит.