Реал ги прифатил лудите услови за потписот на најголемиот англиски талент
Габриел неодамна наполни 16 години и веќе е во центарот на интересот на неколку европски гиганти. Реал, Барселона, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен се поврзуваа со неговото име, но според последните информации од шпанските и англиските медиуми, мадридскиот клуб ги прифатил лудите барања на младиот фудбалер.
Според информациите што ги објавија англиските медиуми, барањата на неговите претставници биле доста специфични. Меѓу нив се наведуваат дресот со бројот 77, натписот „Габриел ЈР“ на грбот, тренинзи исклучиво со првиот тим, како и гарантирана минутажа од најмалку 20 минути на три натпревари.
Дополнително, се споменува и барање за годишна плата од седум цифри, односно околу еден милион евра. Интересно е што Манчестер Јунајтед наводно ги прифатил барањата поврзани со бројот и натписот на дресот, но не се согласил со останатите услови.
Токму околу овие детали се отвори голема дебата, бидејќи станува збор за фудбалер кој сè уште нема настап во официјален сениорски натпревар. Неговиот потенцијал, сепак, е неспорен – на дебито во младинската Лига на шампионите постигна хет-трик, со што дополнително го привлече вниманието на европските клубови.
„Ас“ објави дека Реал е подготвен да понуди околу еден милион евра годишна плата, но истовремено нагласува дека клубот не сака да ги надмине сопствените финансиски рамки.