Зверев го презема врвот, па остро критикуваше: Тенисот оди во погрешна насока!
Германскиот тенисер говореше во Виена, откако обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот „Ерсте Банк опен“. Со тоа го потврди и враќањето на врвот на светската ранг-листа, каде што од 2 ноември ќе го замени Јаник Синер.
„Во еден момент сето ова станува бесмислено. Но, ова го зборувам веќе десет години и ништо не се менува“, изјави Зверев.
Германецот смета дека решението за проблемот со календарот е релативно едноставно, но дека тенисот, за жал, се движи во погрешна насока.
„Мислам дека во моментов играчите сè повеќе зборуваат за ова и го изразуваат своето незадоволство. Според мене, работите, за жал, се движат во погрешна насока“, порача Зверев.
Неговиот предлог е сезоната да биде пократка за две до три недели, со што тенисерите би добиле повеќе време за одмор и подготовка на своите тела.
АТП неодамна воведе пауза по Вимблдон и го намали бројот на задолжителни турнири од серијата 500 од пет на четири. Сепак, многу мастерс-турнири сега траат подолго, а тениската сезона и понатаму се протега на речиси 11 месеци.