Загревање за „Де Класикер“: Штутгарт во меч со шест гола славеше над Леверкузен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Штутгарт ја прекинаа серијата послаби резултати оваа сезона во Бундеслигата, откако во дербито од осмото коло славеа победа од 4-2 на гостувањето кај Баер Леверкузен.

Само една победа на последните пет натпревари во германското првенство не влеваше голема надеж кај Штутгарт пред едно од потешките гостувања во Германија, и покрај фактот што Баер минатата недела претрпе убедлив пораз од Хофенхајм.

Дополнителен проблем за „швабите“ беше и тоа што Баер од почетокот на сезоната немаше доживеано пораз на домашен терен во Леверкузен, додека Штутгарт традиционално бележи променливи резултати на гостувањата.

Сепак, денеска гостите беа подобри и во првите 20-тина минути постигнаа два гола преку Демировиќ и Левелинг. Леверкузен сепак со голот на Шик намали на 2-1 пред крајот на паузата.

Идентично течеше и вториот дел каде Ел Канос и Демировиќ се погрижија за водство од 4-1. На десет минути пред крајот Маза само ги постави конечните 4-2.

Ќе потсетиме, дербито на колото во Германија се игра од 18:30 часот и во него Баерн е домаќин на Борусија Дортмунд.

Останати резултати:

Аугусбург – Фрајбург 1-2

Борусија Менхегладбах – Падерборн 0-0

Шалке – Лајпциг 0-2

Вердер – Хофенхајм 2-0