Тренчовски ја води Олимпија кон врвот во Словенија!

Eкипата на Олимпија Љубљана во последниот период игра во одлична форма под водство на македонскиот тренер Југослав Тренчовски, а на последниот натпревар славеа победа во дербито со Марибор.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Турци во 56-тата минута од средбата и тој се покажа како доволен за три бода.

Димитар Митровски кој ги брани боите на Олимпија во игра влезе во 69-тата минута и ги одигра последните 20-тина минути од средбата.

На табелата Олимпија сега има 22 бода, три помалку од лидерот и два тому од Марибор.