Чупиќ: Разликата беше огромна во првиот дел, но на крајот ни се насмевна среќата

Вардар успеа со епски пресврт да ја совлада Барселона со 29-27 во полуфиналето на Лигата на шампиони, па сите се надеваат дека ќе се повтори 2017 година, кога „црвено-црните“ токму против екипата од Каталонија го почна походот кон трофејот.

Македонскиот шампион имаше пад во играта во првото полувреме, кога Барселона успеа да избега на +7, но затоа „црвено-црните“ во вторите 30 минути направија целосен пресврт, а Иван Чупиќ кажа дека верувале во победа и на крајот ги следела и среќата.

„Разликата во првото полувреме беше огромна, но во вториот дел го забрзавме темпото на игра, па ни се насмевна среќата. Оваа група на ракометари веруваше во победа, па нè следеше победничкиот дух и на овој натпревар“, кажа Чупиќ.