Рајо без муниција: Вилјареал го наполни голот на Димитриевски (ВИДЕО)

Рајо Валјекано доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Вилјареал (0-3) во 33. коло од шпанската Ла Лига.

Александер Сорлот го матираше македонскиот голман Столе Димитриевски во 18. минута од средбата, додека Вилјареал погоди уште двапати во вториот дел, и тоа повторно преку Сорлот и Москера.

Вилјареал се наоѓа на деветтата позиција со 45 бодови, додека Рајо е на 15. место со 34 бода.