Бутел одличен во Луксембург, носи голема предност во Скопје!

Екипата на Бутел оствари голема победа на гостувањето кај Диделанж во Луксембург со 31-27, па така сега е на чекор од пласман во следната рунда во ЕХФ Европскиот куп.

Бутел играше одлично прво полувреме во кое во еден момент водеше и со 14-8, но сепак, домаќините во финишот ја намалија негативата и на пауза заминаа со 17-13.

Предноста избраниците на Горан Кузмановски ја одржуваа и во второто полувреме, иако противникот неколку пати доаѓаше до „минус еден“, но не успеа во целост да се врати во натпреварот.

На крајот Бутел дома носи четири разлика кои ќе се обиде да ги одбрани во реваншот кој се игра на 13 септември во „Јане Сандански“.

Најефикасен кај скопјани беше Филип Николов со девет погодоци, а одлични беа и Тодор и Димитар Узунчеви, кои постигнаа седум, односно пет гола.

Големи заслуги за победата имаше и голманот, Благојче Трајковски кој одбрани дури 13 удари на домашните ракометари.