Барса го разнесе европскиот шампион и како лидер ќе го пречека Пелистер

Најтрофејниот европски клуб Барселона му се одмазди на Магдебург за поразот на домашен терен откако вечерва како гостин го разнесе актуелниот европски првак со 36-29.

Победникот беше одлучен во последните осум минути, толку време Магдебург не успеа да постигне гол, а Барса го затвори мечот со серија од 7-0. Мертенс на почетокот од 53. минути го израмни резултатот на 29-29 по што следуваа седум гола по ред на „каталонците“ за убедлива победа.

Ова значи дека Барселона како лидер ќе го пречека Пелистер и ќе ѝ биде доволен бод од тој меч бидејќи на домашен терен загуби од Магдебург со еден разлика.