Алкалоид во третото коло од ЕХФ Купот доби противник од Австрија

Денеска во седиштето на Виена се одржа ждрепката за третото коло од ЕХФ Купот каде што единствен македонски претставник е екипата на Алкалоид.

Избраниците на Кире Лазаров по победата против литванската Клаипеда ќе се соочат со австрискиот тим Вест Виен кој во претходното коло беше подобар од ВИФ од Фарски Острови.

Првите натпревари од третото коло се закажани на 23/24 ноември, додека реваншите се играат на 30 ноември /1 декември.

ОСТАНАТИ ПАРОВИ:

Драмен (Норвешка) – Леотар Требиње (Босна и Херцеговина)

Кремс (Австрија) – Партизан (Србија)

Мотор Запорожје (Украина) – Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина)

Пореч (Хрватска) – Крка (Словенија)

Раховец (Косово) – Баја Маре (Романија)

Анортозис (Кипар) – Фади Винтертур (Швајцарија)

Арендал (Норвешка) – Диомидис Аргус (Грција)