Вардар поразен од Загреб во финалето на „Лабин Купот“ во Хрватска
Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнет натпревар, односно гол за гол, но Загреб додаде гас пред паузата и замина со предност од 17-15.
Вардар се држеше до 18-20, по што влезе во голема криза, а тоа го искористи Загреб кој почна да ја полни мрежата на македонскиот гигант за на крајот да слави со 34-27.
Претходно во мечот за трето место славеш Слован против Сесвете со 32-30.