Вардар неочекувано лесно го „смрзна“ Бутел на дури - минус 21!

Вардар 1961 денеска убедливо го совлада Бутел Скопје (43-22) во натпревар од 16. коло и есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место во македонската Суперлига.

Тимот на Гиљермо Милано со оваа победа дојде до 30 бодови, исто колку и лидерот Алкалоид, но ќе ја заврши есенската полусезона на второто место поради послаб меѓусебен скор. Вардарци ја забележаа својата 14. победа сезонава, оставајќи го Бутел без шанси уште од првото полувреме.

Во првите 30 минути, Вардар ја наметна својата игра и обезбеди убедлива предност од седум голови (20-13). Во второто полувреме продолжија со истото темпо, стигнувајќи до највисока разлика од 14 голови (34-20), за на крајот да го запишат конечниот триумф.

Владимир Дмитро Хориха беше најефикасен кај Вардар со шест голови, додека најдобар стрелец на натпреварот беше Тодор Узунчев од Бутел со седум голови.