Проблем пред квалификациите за СП: Норвешка не сака да игра со Израел
Фудбалската федерација на Норвешка, преку својата претседателка Лисе Клавенес соопшти дека репрезентацијата на оваа земја не сака да игра со Израел, поради војната на Блискиот Исток.
„Никој од нас не може да остане рамнодушен на нападите кои Израел веќе подолго време ги врши врз цивилното население во Појасот Газа. Ја поддржуваме норвешката влада во барањето за итен прекин на нападите и не сакаме да играме со Израел“, изјави Клавенес.
Норвешка и Израел треба да играат во второто коло од квалификациите, а домаќин ќе биде Израел, најверојатно во Унгарија. Во оваа група се уште Молдавија, Естонија и поразениот од дуелот во Лигата на нациите меѓу Германија и Италија.