Пелистер со моќна победа кај Пролет ја заврши 2024 година!
Натпреварот започна доминантно за „пелистерци“, кои брзо поведоа со 7-2, а подоцна и со 13-5. Иако Пролет успеа да се доближи на 10-13 со серија од пет голови, на одмор Пелистер замина со предност од 17-13. Во второто полувреме, гостите целосно го презедоа натпреварот, постигнувајќи прво двоцифрено водство при 28-18, за на крајот да слават со убедливи 37-23.
Најистакнат играч кај Пелистер беше Ненад Костески, кој со 10 постигнати гола потсети на формата од пред повредата. Кузманоски и Павле Атанасијевиќ придодадоа со по шест погодоци, додека кај Пролет најпрецизен беше Андоновски со пет гола.
Ова беше 14. победа во 16. меч сезонава за битолчани, колку што има и Вардар додека лидер е Алкалоид со 15 победи.