Два пресврта, шест гола - ПСЖ на +10 (ВИДЕО)

Францускиот првак ПСЖ направи предност од 10 бода во однос на своите ривали за титулата откако вечерва го совлада Монако како гостин со 4-2.

Исклучително интересниот и ефикасен натпревар го одбележаа пресвртите и шесте постигнати гола. ПСЖ поведе преку Дуе во првото полувреме, но по 15 минути игра во вториот дел, Бен Сегир и Емболо се погрижија за предност на Монако од 2-1.

На сцена потоа стапи Дембеле кој прво го израмни резултатот, а откако Рамос се погрижи за вториот пресврт, Дембеле ги постави конечните 4-2.

Така ПСЖ остана непоразен и по 16 кола од Лига 1 и сега има 40 бода. На второто и третото место се Марсеј и Монако со по 30 бода.