Звезда се држеше три четвртини, па доживеа катастрофа во Истанбул

Анадолу Ефес убедливо ја совлада Црвена Звезда во првиот од двата денешни натпревари во Евролигата.

Турскиот тим на домашен терен славеше со 89-67 за трет триумф во последните четири кола, но и за продолжување на доминацијата во дуелите со Звезда во Истанбул. „Црвено-белите“ одлично го почнаа натпреварот, воведната четвртина ја добија со 25-14, а се држеа до крајот на третиот период по што дојде до целосен колапс во нивната игра.

Анадолу Ефес го доби последниот период со 30-10, па на крајот славеше убедлива победа. Со неа Турците се задржаа на делба на седмата позиција на табелата, додека Црвенз Звезда излезе од плејин зоната.