Вардар најде замена за Рожерио во 21-годишен руски двометраш!

Рожерио Мораес ќе го напушти Вардар на крајот од сезоната, ќе се пресели во Веспрем, а црвено-црните побрзаа да ја решат празнината на линијата од шест метри.

Нов пивот на Вардар ќе биде 21-годишниот Сергеј Горпишин, син на некогашниот руски репрезентативец Вјачеслав Горпишин, кој беше олимписки шампион во 2000 година. Синот Горпишин настапува во Ерланген и веќе е член на репрезентацијата на Русија, заедно со Глеб Калараш, кој веќе е во Вардар.

„Вардар сака да види како ќе се развивам, па потоа може да планираме и нешто повеќе во иднина“, вели Горпишин, кој ќе дојде на почетокот на следната сезона.

Toj сезонава има 14 настапи за Ерланген, кој се наоѓа на деветтата позиција на табелата во моментов, но порблемот е во тоа што игра најчесто во одбрана. Во Вардар би морал да ги развие и нишанските способности, особено затоа што има предиспозиции со своите 200 сантиметри и 106 килограми.

Освен Рожерио Мораес, на крајот на сезонава од Вардар ќе си оди и Игор Карачиќ, така што македонскиот првак мора брзо да реагира на трансфер-пазарот.