Вардар ита кон титулата, Алкалоид со 13 гола по ред го уништи Бутел
„Црвено-црните“ немаа никакви проблеми, отворија со 4-0, на полувреме заминаа со +6 (17-11), а победата ја запечатија со серијата од 6-0 на почетокот од вториот дел. Во натамошната етапа од мечот, Тиквеш ниеднаш не успеа да се доближи на едноцифрена негатива. Вардар со ова ја сочува предноста кон конкурентите и сигурно чекори кон титулата во домашното првенство.
Несекојдневен натпревар одиграа градските ривали Бутел и Алкалоид. Славеше тимот од Автокоманда со 37-21, но клучна беше играта во второто полувреме откако првото заврши со водство на тимот на Кирил Лазаров со 16-15.
Тоа второ полувреме Алкалоид го отвори со 13-0, му дозволи на Бутел да постигне само шест гола и со тоа го скрши отпорот на жилавиот противник кој останува поседнопласиран во делот од екипите кои се борат за титулата.